@extends('layouts.main') @section('tags')
Водејќи се од потребите на купувачите за заштита на нивното здравје користиме високо квалитетни материјали кои ги исполнуваат највисоките стандарди за квалитет, и за кои имаме потврда од меѓународно валидни сертификати. Материјалите кои ги користиме имаат сертификати кои гарантираат дека производите не содржат штетни материи и затоа се безбедни за здравјето на луѓето и животната средина.
Според научните истражувања потребни се осум часа сон дневно, бидејќи недоволното спиење предизвикува ослабен имунолошки систем и го зголемува стресот. Бедман е синоним за удобно и квалитетно спиење, произведуваме широк асортиман на производи за спиење, душеци, наддушеци и перници кои гарантираат мирен сон и одмор. Нашите производи се наменети за сите на кои им е важно здравјето, на кои им е важен добриот сон, кој што покрај правилната исхрана и физичката активност, е од суштинско значење за вашето ментално, емоционално и физичко здравје.
Нашата програма на производи е наменета за сите генерации, нашите производи ги користат, стари и млади, мажи и жени, тинејџери и деца, променливи се потребите на човечкото тело за удобност со текот на времето, нашето тело и потребите се менуваат со текот на годините, колку старееме, толку повеќе ни е потребна удобност. Тоа значи дека за постарите генерации препорачуваме душеци на кои горните слоеви се поудобни и што поприлагодливи на телото.
Душеците за децата и тинејџерите се развиени со посебно внимание од нашите искусни експерти за да обезбедат мирен и безбеден сон и длабока регенерација дури и на најмладите. При изборот на детски душек, важно е тој да не содржи материи штетни за здравјето, да има антибактериска покривка, да дише и удобно и да му дава соодветна потпора на ‘рбетот на детето. Спиењето е особено важно за бебињата и децата до пубертет, како една од функциите за здрав раст и психофизички развој.
Ние користиме специјални ткаенини со Тенцел® влакна со антибактериско дејство, овие ткаенини имаат сертификат од највисока класа, сертификатот гарантира дека производите не содржат штетни материи и затоа се безбедни за здравјето на луѓето и животната средина. Со употребата на вакви ткаенини ние придонесуваме за брзо и лесно отстранување на влагата, одлична вентилација и можност за дишење на душекот и одржување на хигиената која е неопходна за здрав сон.
Користејки висококвалитетни материјали кои се добиваат со различни научно технолошки решенија, обезбедуваваме идеална поддршка, одлична удобност и совршена распределба на тежината за секој тип на тело. За време на спиењето секојдневно исфрламе пот и мртва кожа со која се хранат грините, во креветот се акумулира и прашина, вируси, бактерии и габи, затоа обрнуваме посебно внимание на избор на материјали кои обезбедуваат проветрување и заштита од бактерии, грини и габи.
Seamlessly empower fully researched growth strategies and interoperable internal or “organic” sources credibly innovate granular internal .
--}} {{--